05.07.2024 Скопје
Во скопската Зоолошка градина има ново бебе, елен лопатар. Информацијата ја споделија од зоолошката на нивната страница на фејсбук. Неодамна оттаму објавија видео на кое се гледа како животните успеваат да ги преживеат летните горештини.
„Малечкото веќе напредува супер е, и е милениче на целата група елени кои се грижат за него“, пишува во објавата.
Летните горештини си го прават своето па во скопската Зоолошка градина на секој начин се обидуваат да им го олеснат жешкото секојдневие на животните па има денови кога ги частат со специјално направен сладолед за нив. Неодамна објавија и видео како животните се насладуваат на летниот десерт.
„На екстремно топло време и животните бараат разладување. Традиционално како и секое лето подготвивме сладоледи за нашите најмили. Поздрав од Мадагаскар екипата“, се наведува во објавата.
Подготвено од М.Д.