03.07.2024 Скопје
Највисокиот вулкан во Европа, Етна, повторно се буди. Изминатите неколку дена исфрла чад, пепел и лава, а вулканолозите досега забележаа помали сеизмички потреси и зголемена активност во некои кратери. Со висина од 3357 метри, највисокиот вулкан во Европа, нуди неверојатна глетка ноќе.
Вулканот Етна веќе неколку дена исфрла гасови и пепел, а потресите се случуваат наизменично.
Националниот институт за геофизика и вулканологија, опсерваторија Етна, известува за емисијата на лава што тече од кратерот Ворагине во кратерот Бока Нуова.
Ерупцијата на лава во текот на ноќта обезбедува спектакуларна глетка.
Етна е активен вулкан во Италија на источниот брег на Сицилија. Таа е и највисоката планина во Италија јужно од Алпите и зафаќа површина од 1.190 km². Етна е три пати повисока од Везув, која исто така се наоѓа во Италија. Етна е еден од најактивните вулкани во светот и речиси постојано еруптира.
Подготвено од М.Д.