KIBERSPIONAZA 2

26.07.2024 Скопје

Програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот на САД понуди награда до 10 милиони долари за информации што ќе доведат до идентификација или локација на севернокорејски државјанин поврзан со сајбер групата „Андариел“.

„Рим Јонг Хјок е државјанин на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) кој е поврзан со злонамерна сајбер група позната како Андариел, контролирана од воената разузнавачка агенција, Генералното биро за извидување, кое има примарна одговорност за злонамерните сајбаер активности на Северна Кореја, а исто така е вклучен и во илегалната трговија со оружје, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Групата беше вклучена во хакирање на компјутерските системи на американските болници и други медицински провајдери.

Подготвено од М.Д.

About Author