ZEMJODELIE

08.07.2024 Скопје

Пласирање на земјоделските производи, а не да останат на нива, заканите од климатските промени, грешките од минатото и надминување на инфлаторните шокови се решаваат со формирање на земјоделски и сточарски задруги.

На меѓународниот ден на земјоделските задруги од мрежата порачаа дека државата мора да работи на олеснување, но и на јасни законски решенија за задругите.

Тренд во Европа е еден земјоделец да членува во најмалку три задруги, а кај нас од седумдесет регистрани, опстојуваат само 50.

Успешни приказни има од преспанскиот регион и од овчеполскиот. Едните произведуваат овошје и создале сопствен бренд од природен сок од преспанското јаболко, а 12 пчелари од штипско со над 750 пчелни семејства продаваат мед од пределот на Медена земја, кој светот и Холивуд го виде преку приказната за Атиџе.

На национално ниво во 50 земјоделски задруги има минимален број на земјоделци, што е 0,3 % од вкупно 175 000 земјоделски стопанства.

Подготвено од М.Д.

About Author