04.07.2024 Скопје
Рускиот претседател наводно е подготвен да го подели окупираниот украински полуостров Крим за да стави крај на војната која започна во февруари 2022 година.
Иако под санкции, на Колокотев му било дозволено да влезе во САД, наводно за да присуствува на состанокот на полициските команданти на ОН. Но, тоа е само трик за да му се дозволи да отпатува во Вашингтон со авион од претседателската флота на Путин и да ги пренесе барањата на рускиот претседател за мировен договор до американската влада.
Неговото патување во САД и пораката на Путин беа обелоденети од водечкиот украински ТВ новинар Дмитриј Гордон и рускиот Телеграмски канал Госдумскаја. Украина најверојатно нема да го прифати предлогот на Путин, бидејќи според него би морала да отстапи огромни делови од окупираната територија и да се откаже од влезот во НАТО. Сепак, овој предлог на Путин претставува отстапка во однос на претходните идеи.
„Главната цел на патувањето на Колоколцев беше да им го предаде рускиот мировен план на американските власти“, изјавил Гордон, додавајќи дека тоа е план на Путин „да стави крај на војната“.
Според овој план, Путин бара Украина целосно да се повлече од окупираните региони Доњецк и Луганск, но Русија ќе и ги предаде на Украина нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар. Ќе се разговара и за можното враќање на регионите Керсон и Запорожје под украинска контрола.
Полуостровот Крим ќе стане „специјална демилитаризирана административна област под двојна власт на Украина и Руската Федерација“, а Украина ќе мора да се обврзе да не го блокира снабдувањето со вода на Крим.
Русија го зазеде Крим во 2014 година по што Путин вети дека полуостровот на Црното Море никогаш повеќе нема да ѝ припадне на Украина.
Според рускиот мировен предлог, Украина би контролирала „демилитаризирана зона“ долж реката Днепар од околу 100 километри. На земјата, исто така, ќе и биде забранет пристапот во НАТО – една од клучните цели на претседателот Володимир Зеленски – но ќе и биде дозволено да се приклучи на Европската унија.
Од друга страна, Западот би ги укинал санкциите кон Русија поврзани со нафтата, гасот и банкарскиот сектор.
Извештаите на Дмитриј Гордон се разликуваат во нивните тврдења за големината на армијата што Украина треба да ја задржи: Гордон вели дека има 350.000 војници, а Госдумскаја шпекулира 150.000. Гордон предупредува дека „Доњецката и Луганската област не можат да бидат префрлени под контрола на Украина, бидејќи тоа би „предизвикало геноцид врз тамошното население“, имајќи предвид дека „третина учествувала во непријателствата против Украина“. САД, Русија и Украина не ги коментираа овие наводи, ниту пак посетата на Колоколцев на САД.
Но, интересно е што авионот во кој патувал Колоколцев е виден покрај авионот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по слетувањето во Вашингтон.
Подготвено од М.Д.