31.07.2024 Скопје
Босанскиот ски центарот „Равна Планина“ планира да ја изгради првата скијачка сала на Балканот. Салата ќе има скијачка патека долга 350 метри, висинска разлика од солидни 100 метри, ширина од 45 метри. Планирано е да користи енергија од обновливи извори на енергија.
Салата ќе се простира на 16.000 квадратни метри, а покрај скијачката патека ќе има снежен парк, скијачка патека за крос, тобоган и бебе парк.
Се планира проектот да биде завршен за 5 години.
Идејата да се изгради ваква сала, како што соопштуваат од ски центарот, произлегла од климатските промени и желбата што подолг да трае зимската сезона.
Скијачкиот центар „Равна Планина“ располага со уредени ски патеки долги 12 километри, топови за правење снег и ноќно скијање, а ја има и потребната скијачка инфраструктура за одржување на меѓународни ФИС натпревари.
Покрај постоечките сместувачки капацитети и ресторани, во тек е изградба на хотел со спа објекти и конференциска сала.
Подготвено од М.Д.