SMARTFON

16.07.2024 Скопје

Аналитичката компанија IDC ги објави најновите резултати за глобалниот пазар на паметни телефони.

Испораките на паметни телефони во вториот квартал од 2024 година забележаа пораст од 6,5% на годишно ниво, според статистичките податоци на аналитичарската компанија на глобалниот пазар IDC.

Производителите на телефони забележаа раст четврти квартал по ред, а сè води кон конечно закрепнување на пазарот на паметни телефони до крајот на годината.

Samsung и Apple останаа на врвот, сите Топ 5 компании ја зголемија испораката на паметни телефони. IDC открива дека вештачката интелигенција и зголемената просечна продажна цена се главните причини за подобрување на состојбата на пазарот на телефони во периодот април-јуни 2024 година.

Директорот за истражување на компанијата IDC истакнува дека пазарот минува низ тренд кога доминираат премиум уредите, а најголема корист имаат Samsung и Apple.

Во извештајот се наведува дека 19% од сите испораки на паметни телефони се уреди со карактеристики на вештачка интелигенција, што претставува најголем раст за која било иновација во светот на мобилните уреди што ги забележала IDC.

Се очекува дека пазарот на паметни телефони ќе продолжи да биде стабилен во наредниот период, а се верува дека сите производители ќе ги туркаат функциите на вештачката интелигенција, што ќе влијае на факторот на раст на 5G и уредите што се преклопуваат.

Подготвено од М.Д.

About Author