19.07.2024 Скопје
Во светот се пријавени проблеми и прекини во ИТ мрежите во глобалните институции, вклучувајќи банки, телекомуникациски компании, медиуми и авиокомпании, приземјени се авиони, медиуми не емитуваат програми, а погоден е и компјутерскиот систем на Летните олимписки игри во Париз, кои почнуваат за една недела, јавуваат светските медиуми.
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите кои ги пријавија корисниците, а поради кои во компаниите и банките ширум светот дојде до технички проблеми и прекини во функционирањето.
Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услуги во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението.
Подготвено од М.Д.