-Odile-Renaud-Basso

22.07.2024 Скопје

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Република Северна Македонија.

За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.

„Со задоволство ја очекувам втората посета на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции“, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.

ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Република Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

Подготвено од М.Д.

About Author