04.07.2024 Скопје
Обилни врнежи од дожд и невреме придружени со голема фреквенција на молњи и град, се очекуваат во текот на денешниот ден во повеќе области на Грција, а од бројот 112 за итни случаи вчера, во северниот дел на земјата беше испратена предупредувачка порака.
Предупредувачка порака за интензивни временски појави (град, молњи, невреме) од раните утрински часови до пладне на 4 јули 2024 година. Ограничете ги вашите движења за време на појавите и следете ги упатствата на надлежните, беше пораката испратена до сите оние кои се наоѓаат во Солун, Халкидики, Катерини, Кавала и сл.
Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас рече дека Комисијата за процена на опасности по одржаниот вонреден останок вчера наутро, информирала за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивна громови во повеќе области во Грција, а според прогнозите, најголеми проблеми ќе има на Халкидики, во Солун, Серес, Кавала во раните утрински часови, а од пладне до вечерните часови невремето ќе се прошири до централна Грција, Атина и делови од Пелопонез.
За невремето, потребна е голема претпазливост во однос на молњите на копно и море, рече Кикиљас, додавајќи дека жителите и посетителите треба да бидат особено внимателни и со морските бури.
„Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со громови на копно и на море. За подобри информации за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита“, се додава во соопштението на министерот.
Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области во северна Грција, добија итна смс порака.
„ Избегнувајте преминување на потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не ги вклучувајте електричните апарати или телефоните, бидејќи молњата може да помине низ жици. Избегнувајте допирање на водоводните цевки (кујна, бања), бидејќи тие се струјни спроводници “, се вели во предупредувањето.
Подготвено од М.Д.