https://www.flickr.com/photos/orderstandrew/52143508896/in/photolist-2nrK7xs-24TtfXT-26fo3ZB-25cyLWm-2naZYP3-2nb6j9n-2n858nk-2nqvsk1-wgKy25-2nb4SAY-2nb5cao-2nb71To-2naYHjh-bo2sVn-2nb4SxB-2nb8q52-2naZqet-2nb7H5r-2nb5Upn-2nb71Zk-2naYHfp-2nb5c8e-2nb7H7R-2nb5c8z-2naYHen-2nb4SyZ-2naYHbg-2nb5Urg-2nb4Suv-2nb5zKg-2naZqfA-2nb5UrM-2nb5UnU-2naZqe8-2nb5zMv-bo2sNx-2nrKcdB-2nrKckA-2nb7H6o-2nrMz5F-2nb5c7s-2nrK6sS-2nrKcD1-2nrMApK-2nrKbRu-2nrK6N1-2nrLiCj-2nrDRMM-2nrK77C-23wCQHQ

12.07.2024 Скопје

Пратеничката група на Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) ќе го добие вториот мандат за формирање влада, откако на Движењето за права и слободи (ДПС) денеска исклучи 17 пратеници од својот состав.

Со тоа ДПС од прва стана четврта парламентарна група по бројност во Парламентот.

Согласно Уставот, претседателот на Бугарија треба да го додели вториот мандат за формирање влада на кандидат за премиер именуван од втората по големина пратеничка група. Втората по големина група во Националното собрание со 39 пратеници е ПП-ДБ.

Исклучените пратеници од ДПС минатата недела објавија отворено писмо во кое се изјаснија дека се за „единство и заедништво“ на партијата под раководство на почесниот претседател Ахмед Доган. Тој вчера побара оставка од Дељан Пеевски и уште петмина членови на раководството на ДПС.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *