BASF-fabrika-pozar-Germanija

30.07.2024 Скопје

Во хемиската рафинерија на компанијата БАСФ во Лудвигсхафен, најголемата хемиска фабрика во Германија, во понеделникот се случи експлозија и пожар при што беа повредени 14 лица.

„Во една фабрика во јужниот дел на централата дошло до експлозија проследена со пожар“, соопшти прес-службата на БАСФ. Во исто време беше соопштено дека се бара причината за експлозијата.

„Пожарот во меѓувреме е изгаснат, а 14 вработени во рафинеријата се полесно повредени и укажани на оперативната клиника“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, облак чад од рафинеријата се издигна над блиските градови Лудвигсхафен и Манхајм.

Се предупредуваат граѓаните да ги затворат прозорците и да ги исклучат клима уредите.

Историјата на фабриката BAF во Лудвигсхафен е поврзана со најголемата катастрофа на хемиската индустрија во историјата на Германија кога 585 луѓе загинаа во експлозија на амонијак во 1921 година.

Подготвено од М.Д.

About Author