01.07.2024 Скопје
Според податоците од 2024 година, 62 % од вкупното светско население користи социјални мрежи, а бројот на корисници се зголемува секоја година.
Според статистичката агенција Статиста, од април Фејсбук ја зазема водечка позиција меѓу платформите на социјалните мрежи според бројот на корисници во светот, со повеќе од три милијарди активни корисници на месечно ниво.
Инстаграм и Ватсап, кои исто така се во сопственост на компанијата Мета, сопственикот на Фејсбук, се на 3 и 4 место на листата со по две милијарди месечни корисници, а на 7. место е Фејсбук месенџер со една милијарда корисници.
Јутуб, онлајн платформата за споделување видеа во сопственост на Гугл е втора на листата. Јутуб во моментов го користат 2,5 милијарди луѓе ширум светот. Платформата Х (поранешен Твитер) во сопственост на Илон Маск е на 12-то место со 611 милиони корисници.
Покрај девет познати американски компании, на листата успеаја да се најдат и шест компании со седиште во Кина.
Најпопуларната платформа меѓу кинеските апликации за социјално вмрежување е TikTok со околу 1,6 милијарди корисници.
ТикТок е на петтото место, Вичат е на шестото место со 1,3 милијарди корисници, Дујин е на десеттото место со 755 милиони корисници, Куаишу е на 11-тото место со 700 милиони корисници, Вејбо е на 13-тото место со 600 милиони корисници, по кој следи КјуКју на 14-то место со 554 милиони корисници.
Според извештајот „We Are Social“ за 2024 година, вкупно пет од осум милијарди луѓе, што претставува околу 62 % од светската популација, користат социјални мрежи.
Бројот на корисници на социјалните мрежи порасна за 5,6 % во однос на минатата година, а 266 милиони нови корисници за првпат почнаа да ги користат социјалните мрежи во 2023 година. Според последните податоци, околу 5,35 милијарди луѓе во светот користат интернет.
Според податоците од извештајот, корисниците поминуваат во просек 2,23 часа на социјалните мрежи, од кои 1,41 час се трошат за читање книги, списанија и слично, 1,25 часа за слушање музика, а 1,02 часа се трошат на играње игри.
Подготвено од М.Д.