19.07.2024 Скопје
Повеќе од 40 отсто од јапонските компании не планираат да воведат вештачка интелигенција (ВИ) во своето работење, покажа истражувањето, кое го отсликува воздржаното прифаќање на новата технологија во третата по големина светска економија.
Истражувањето беше спроведено од Никеи Рисрч и постави низа прашања до 506 јапонски компании. Од нив одговориле околу половина, под услов нивните имиња да не бидат спомнати.
Околу 24 отсто од испитаниците рекле дека веќе ја вовеле вештачката интелигенција во бизнисот, а 35 отсто дека планираат да го сторат тоа.
Останатите 41 отсто немаат намера да ја воведат технологијата, што покажува различни степени на усвојување на технолошките иновации во корпоративната Јапонија. Анкетата е спроведена во периодот од 3 до 12 јули.
На прашањето кои цели сакаат да ги постигнат со употреба на вештачка интелигенција, со понудени повеќе одговори, 60 отсто од испитаниците одговориле дека се обидуваат да го решат проблемот со недостигот на работници, a 53 отсто од нив изјавиле дека сакаат да ги намалат трошоците за работна сила. Околу 36 отсто од испитаниците сакаат да го забрзаат истражувањето и развојот.
Меѓу пречките за воведување на вештачка интелигенција во бизнисот, менаџер во транспортна компанија ја наведе „загриженоста меѓу вработените за можно намалување на бројот на вработени“.
Други бариери вклучуваат недостаток на технолошко знаење, значителни капитални расходи и сомнителна сигурност, покажа студијата.
Подготвено од М.Д.