29.07.2024 Скопје
Со потпишувањето на овој меморандум, нашата трилатерална соработка стана посилна и нема да попушти, дури и во услови на променети меѓународни околности, изјави јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара по состанокот со неговиот американски колега Лојд Остин и јужнокорејскиот министер Шин Вон Сик во Токио.
Договорите во рамките на меморандумот, кои веќе стапија во сила, предвидуваат одржување годишни состаноци на министерско ниво, како и блиска размена на информации за севернокорејските ракети, рече Кихара.
Следниот трилатерален министерски состанок ќе се одржи во Јужна Кореја следната година.
Во заедничката изјава тројцата министри изразија „сериозна загриженост поради растечката воена и економска соработка меѓу Пјонгјанг и Москва, а во исто време ветија дека ќе ги одвратат севернокорејските нуклеарни и ракетни закани“.
Подготвено од М.Д.