02.07.2024 Скопје
Во интервју за Институтот Брукингс во Вашингтон, Блинкен рече дека Израел „ефективно го изгубил суверенитетот над северниот квадрант на својата држава бидејќи луѓето не се чувствуваат безбедно и не се враќаат во своите домови“.
Тој го повтори своето верување дека Израел не сака војна во Либан, но призна дека можеби е добро подготвен да се вклучи во таква војна доколку смета дека е неопходно да ги заштити своите интереси.
Блинкен додаде дека ниту либански Хезболах навистина не сака војна, дека ниту Либан не сака затоа што ќе биде главната жртва и дека Иран не сака војна бидејќи попрво би го сочувал Хезболах за сценарио во кое ќе се судри директно со Израел.
Подготвено од М.Д.