09.07.2024 Скопје
САД информираат за втора спогодба со Полска за директен заем за странско воено финансирање во вредност од две милијарди долари, како дел од голема програма за модернизација на вооружените сили на европската земја, што ќе вклучува купување на американска одбранбена опрема, соопшти Стејт департментот.
Полска ќе купи авиони Ф-35, ракетни системи „Патриот“ и тенкови „Абрамс“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Првата спогодба во вредност од два милијарди долари беше потпишана во септември 2023 година.
Подготвено од М.Д.