nova-ucebna-godina-prvacinja

10.07.2024 Скопје

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари.

Рокот за пријавување е од денеска, 10 јули до 30 септември 2024 година.

Родителите на првачињата е потребно до архивата на општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Подготвено од М.Д.

About Author