fiat-grande-panda-2024-03

23.07.2024 Скопје

Симболично е означен почетокот на производството на новиот електричен автомобил на Фиат во српски Крагуевац.

На премиерата на гранде панда во Крагуевац присуствуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ и првиот човек на компанијата Стелантис Карлос Тавареш.

Светската премиера на моделот гранде панда беше одржана на 11 јули во Торино, во рамки на одбележувањето на 125-от роденден на Фиат.

Новиот модел ќе се произведува во две верзии – електрична и хибридна. Од погоните во Србија прво ќе стигне во Европа, а потоа на Блискиот Исток и во Африка.

Што се однесува до димензиите, гранде панда е порасната во однос на претходната генерација, и сега спаѓа во автомобилите од Б сегментот со должина под четири метри.

На почетокот фиат гранде панда ќе биде достапна со целосно електричен погон и со хибридна технологија.

Електричната панда ќе има електромотор од 113 коњски сили, и радиус од 320 километри со едно полнење на батеријата.

Хибридниот модел ќе има 1,2-литарски бензинец со 102 коњски сили и електромотор со 28 коњски сили.

Менувачот е автоматски, 6-брзински со двојна спојка.

Како што се знае од светската премиера во Торино, електричната гранде панда ќе чини околу 25.000 евра, а за хибридот се спомнува цена од нешто под 19.000 евра.

Подготвено од М.Д.

About Author