31.07.2024 Скопје
Роберто Лоли Лингуаното, италијанскиот слаткар за кој се верува дека го измислил иконскиот десерт тирамису, почина во неделата на 81-годишна возраст.
Лингуаното почина во Италија по долга борба со болеста.
Името на Лоли засекогаш ќе се поврзува со десертот со вкус на кафе. Познатиот слаткар создал тирамису на почетокот на 1970-тите, додека работел во познатиот ресторан Le Beccherie во Тревизо, северна Италија.
Постојат неколку приказни за потеклото на ова задоволство, вклучително и онаа во која се вели дека Лингуаното случајно испуштил маскарпоне во чинија со шеќер и јајца.
Според локалните жители, Лингуаното потоа го усовршил рецептот за десертот со вкус на кафе со помош на Алба ди Пило-Кампеол, сопруга на Ада Кампеоло, сопственичка на ресторанот.
Новинарот Џиџи Падовани, кој стана близок пријател со Лингуаното, заедно со сопругата Клара ја напиша книгата Тирамису.
„Тој десерт брзо стана главно јадење во Le Beccherie. Неколку години подоцна, во 1983 година, рецептот за тирамису за првпат беше објавен во гастрономско списание од Тревизо. Подоцна стигна во Венеција, а од 1990-тите стана познат насекаде“, потсети Падовани.
За Лингваното се вели дека бил популарен меѓу своите колеги и покрај тоа што бил срамежлив и резервиран. Неколку години работел во странство пред да се врати дома.
Подготвено од М.Д.