PARI EVRA

18.07.2024 Скопје

Побарувачката на граѓаните за заеми во еврозоната закрепна во вториот квартал, со засилена конкуренција од банките пред пониските каматни стапки и подобрените изгледи за пазарот на недвижности, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Нето 16 отсто од доверителите објавија во истражувањето на ЕЦБ за поголема побарувачка на заеми на домаќинствата во вториот квартал, за прв пат од 2022 година.

„Главниот двигател на побарувачката за станбени кредити е подобрената перспектива за пазарот на недвижности, според сознанијата пред се на германските банки“, се вели во извештајот.

Банките ги олеснија условите за одобрување станбени хипотекарни кредити поради засилената конкуренција, а, според нивната оценка, позитивно влијание на побарувачката имаа општото ниво на каматни стапки и довербата на потрошувачите.

ЕЦБ ги намали клучните каматни стапки во јуни, нагласувајќи го ублажувањето на инфлацијата во претходните месеци. Од јули 2022 година до септември минатата година ги подигна за цели 4,5 процентни поени, а потоа „закочи“ во услови на ослабена економска активност и послабо кредитирање.

Побарувачката на заеми од домаќинствата треба да зајакне и во третиот квартал, проценуваат кредиторите во истражувањето на ЕЦБ.

Во пролетниот квартал фирмите чекаа и барања за кредити, а банките ги заострија условите за нивно доделување, особено во делот на комерцијалните недвижности.

„Во втората половина од годината, банките во еврозоната очекуваат нето-заострување на условите за кредитирање, комбинирано со умерено нето зголемување на побарувачката за кредити во повеќето економски сектори, со исклучок на секторите градежништво и комерцијални недвижности“, соопшти ЕЦБ.

Подготвено од М.Д.

About Author