https://www.flickr.com/photos/gageskidmore/28759882923/in/photolist-KPpVdp-KPc6eU-LAM6bs-KPqZ98-LLk8UD-LLk7QV-KPpYwD-KPcgfq-LjV7eh-LWvCB7-MQUZqq-MU1GEa-MHUHwj-MQUYBG-MQVrZC-MQVhKf-MQVjMb-LWvFhh-MQV1Ku-MLzRdv-LWvGQ7-MrVzDY-MQVeA9-MQVajU-MHUVTd-MU1CeB-LWtom6-LWvq7N-MLAwPe-MLA3zi-MU2ivn-MrVoL5-MLAk4F-LWtrfx-MQVwgo-MU2ecn-MLzT8c-LWvB7y-R5KMn4-SjLKb8-R5KKJp-R5KLec-R35rzj-R5KLL4-R35s8o-Xkifsq-CunnCo-EkoQJX-CwCef8-6QeqT3

15.07.2024 Скопје

Откако во саботата преживеа обид за атентат во Пенсилванија, поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, пристигна во Висконсин, каде од денеска до 18 јули ќе се одржува националната конвенција на Републиканската партија.

Американските агенции за спроведување на законот работат на обезбедување на безбедноста на конвенцијата, по атентатот на Трамп за време на митинг во Пенсилванија.

Поради нападот на Трамп на митингот во Пенсилванија, фокусот е на безбедносните мерки за време на конвенцијата во Милвоки, но Одри Гибсон Кичино, координаторка на операциите на американската тајна служба на републиканската конвенција, вчера на прес-конференција рече дека „нема да има промени во планирањето на безбедносните протоколи“.

„Се чувствуваме многу удобно кога работиме со Тајната служба. Работиме со 40 различни агенции за спроведување на законот“, рече претседателот на Републиканскиот национален комитет Мајкл Ватли.

Ватли ги повика републиканците да го искористат овој момент како можност за единство и надминување на партиските поделби, нагласувајќи дека нема простор за насилство.

„Сите во Америка треба да застанат. Треба да престанат, треба да размислат што е всушност важно за нас во овој политички процес“, рече тој.

Сенаторот Крис Кунс од Делавер, клучен сојузник на ривалот на Трамп, претседателот Џо Бајден, рече дека насилството против Трамп треба да ги мотивира двете страни да ја засилат безбедноста пред Демократската конвенција во Чикаго во август.

Подготвено од М.Д.

About Author