PCENKARNO BRASHNO

04.07.2024 Скопје

Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ.

Според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg – ppb (илјада микрограми на килограм).

„Во примерокот од брашно земен на 12 март годинава од Србија, откриено е присуство на микотоксин фумонизим во поголема количина од дозволеното: во белото брашно изнесуваше 1388 мг/кг, а во жолтото брашно 1585 мг/кг, што преставува 38 отсто, т.е. 58 проценти повеќе од дозволената сума“, соопштија од РАСФФ.

Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е отповикан од потрошувачите.

Фумонизините припаѓаат на групата микотоксини кои синтетизираат Fusarium. Најчесто ги има на пченката и производите од пченка, јачменот, пченицата и овесот, се наведува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје во Суботица.

Кај човечката популација, постои сомнеж дека неговиот токсичен ефект предизвикува тумор на хранопроводникот. Со оглед на токсичното и канцерогеното дејство на ова соединение, според класификацијата IARC, тој е класифициран како потенцијален канцероген за човекот.

Подготвено од М.Д.

About Author