25.07.2024 Скопје
Сингапурскиот пасош штотуку е прогласен за најмоќниот патен документ во светот во кварталното рангирање на пасоши со најголемо меѓународно влијание.
Следни пасоши кои се приближуваат до глобалната популарност на Сингапур се пасошите на Јапонија, Германија, Франција, Италија и Шпанија, кои заедно го заземаат второто место и чии граѓани можат да уживаат безвизно патување до 192 дестинации.
На третото место на ранг листата следат Јужна Кореја, Шведска, Финска, Австрија, Ирска, Луксембург и Холандија, кои имаат привилегија да одат на 191 дестинација.
Велика Британија, која го држеше првото место заедно со САД, е на четвртото место (190 дестинации), веднаш до Нов Зеланд, Норвешка, Белгија, Данска и Швајцарија.
Австралија и Португалија го делат петтото место (189 дестинации), додека САД паднаа на осмото место, со безвизен пристап за скромни 186 дестинации.
Авганистан долго време беше рангиран како најслаб пасош во светот според индексот, но сега неговите граѓани можат да патуваат само во 26 земји без виза – најниската оценка во речиси дведецениската историја на индексот.
Кристијан Келин, претседател на Henley & Partners, во изјавата рече: „Глобалниот просечен број на дестинации до кои патниците можат да пристапат без виза е речиси двојно зголемен од 58 во 2006 година на 111 во 2024 година. Сепак, глобалниот јаз во мобилноста меѓу оние на горните и долните индекси сега се пошироки отколку што биле досега.
Најмоќните пасоши за 2024 година:
1. Сингапур (195 дестинации)
2. Франција, Германија, Италија, Јапонија, Шпанија (192)
3. Австрија, Финска, Ирска, Луксембург, Холандија, Јужна Кореја, Шведска (191)
4. Белгија, Данска, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Обединетото Кралство (190)
5. Австралија, Португалија (189)
6. Грција, Полска (188)
7. Канада, Чешка, Унгарија, Малта (187)
8. Соединетите Американски Држави (186)
9. Естонија, Литванија, Обединети Арапски Емирати (185)
10. Исланд, Латвија, Словачка, Словенија (184)
Подготвено од М.Д.