mesechina

16.07.2024 Скопје

Итражувачите од Универзитетот во Тренто во Италија, Лоренцо Бруѕоне и Леонардо Карер ја откриле пештерата. Според нив, тоа е само една од веројатно стотиците неоткриени вакви тунели на Месечината. Во таа смисла, првата британска астронаутка Хелен Шарман изјави дека новооткриената пештера изгледа како добро место за научна колонија и оти е можно луѓе да живеат или да престојуваат во месечевите пештери за 20 до 30 години.

Пештерата се создала пред милиони или милијарди години, кога лава течела низ тоа место на Месечината, создавајќи тунел низ инаку карпестиот предел.

Државите ширум светот се тркаат да воспостават постојано човечко присуство на Месечината, но за тоа, прво ќе треба да обезбедат делотворна заштита од радијација и друго штетно зрачење, екстремни температури и други влијанија коишто би биле предизвик за астронаутите.

Подготвено од М.Д.

About Author