19.07.2024 Скопје
Морското крајбрежје е главно избор на повеќето луѓе за нивниот одмор, но многу луѓе спасот од горештините го наоѓаат и во планините и езерата.
Едно од најубавите езера, кое е чест избор на Србите, е македонското Охридско Езеро кое наликува на море.
Охридското Езеро се наоѓа во југозападниот дел на Република Северна Македонија и се протега во источниот дел на Албанија. Езерото зафаќа површина од 350 квадратни километри, а од 1979 година е дел од светското културно наследство на УНЕСКО, покрај тоа што е недалеку од Србија (600 километри од Белград), природна убавина, голем избор на плажите и ниските цени се исто така некои од причините за посета на овој бисер на Република Северна Македонија.
Најпознати плажи на Охридското Езеро се: Градиште, Немо и Лагадин, а најпогодна за сите оние кои го сакаат мирот е Свети Наум.
Подготвено од М.Д.