12.07.2024 Скопје

Градскиот мешан хор „Vox Lychnidos“ од Охрид, предводен од диригентот Бурим Хидри, доби висока награда на 29. по ред регионален хорски фестивал „Блистави гласови“ што се одржа во Ниш, соседна Србија.

Фестивалското жири на охридскиот хор му ја додели Повелбата за негување и унапредување на македонската хорска музика, благодарение пред се на одлично оценетите изведби на ариите „Ubi caritas“ и „Bum ta ka bum“ на охридскиот композитор Гоце Гавриловски.

Покрај успешниот настап на тој престижен натпревар како и дружењето со нивни колеги од други земји, хористите од Охрид имаа уникатна можност да одржат неколку проби со маестро Томас Каплин, еден од најдобрите светски хорски диригенти.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *