image (13)

26.07.2024 Скопје

Огромните пожари кои брзо се проширија можеби уништија дури половина од историскиот канадски град Јаспер во провинцијата Алберта. Пожарот израмни цели улици.

Официјални лица од Националниот парк Јаспер, кој се наоѓа во близина на истоимениот град, изјавија дека пожарникарите се уште не ги ставиле пожарите под контрола и дека временската прогноза вели дека во наредните денови повторно ќе биде топло.

Иако никој не загинал во пожарите, околу 20.000 туристи и 5.000 жители на Јаспер побегнале во северните делови на Алберта.

Националниот парк Јаспер во четвртокот вечерта соопшти дека пожарите зафатиле површина од 36.000 хектари и додаде дека пожарите не ги загрозуваат блиските места.

Се вели дека силните ветрови, екстремните пожари и чадот го отежнуваат гаснењето на пожарот во Јаспер. Премиерката на Алберта, Даниел Смит, со солзи рече дека пожарите можеби уништиле приближно 30 до 50 згради во Џаспер.

„Нема сомнеж дека ова е кошмар на секоја заедница“, рече Даниел Смит, додавајќи дека многу генерации се горди на Националниот парк Јаспер.

Подготвено од М.Д.

About Author