DRZAVEN ZAVOD ZA REVIZIJA

08.07.2024 Скопје

Бројките изнесени во извештајот на Државниот завод за ревизија, за одливот на висообразован кадар се поразителни, се укажува дека мерките не ги даваат посакуваните позитивни ефекти. Од високообразовниот ккадар 40% ја имаат напуштено државата. Причините за овој пораст се повеќеслојни: разлики во социо-економската развиеност и во нивото на животниот стандард меѓу одделни земји, општествено-економска трансформација на политичките системи во одредени земји, политичката нестабилност во одделни региони во светот. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симоновски, се сомнева дека бројката на оние кои ја напуштиле земјава е значително поголема од бројката во ревизорскиот извештај. Тврди дека државата никогаш немала точен податок за причините на оние кои заминале. Она што добро е регулирано во државата е доселувањето на странци.

„Ме зачудува од каде толку прецизен податок. Она што ме плаши е дека ова е мала бројка, мислам дека е многу поголема. Според нашите проценки, правејќи анализи изминатите години за да ги поставиме хипотезите, нашата проценка е дека во овој момент околу 15 000 лица се иселуваат годишно од државата. Најголемиот дел од тие луѓе се млади помеѓу 20-30 години, кои се со најмалку средно образование, а добар дел од нив се и со високо образование“, вели Апостол Симовски-директор на Државен завод за статистика.

Поранешниот претседател на Средношколскиот сојуз, Лука Павиќевиќ, потенцира дека ревизорскиот извештај укажува на тоа дека државата ништо не презела за да го реши одливот на високообразовниот кадар.

„Стратегиите се носат за проблемот да остане нерешен. На подготовката на тие документи се трошат финансиски средства меѓутоа, но уште поважно се троши време од една година можеби и повеќе, за да на крајот проблемот остане нерешен, а стретгијата заврши во фиока. Нема никакво спроведување на мерките зацртани во таа стратегија, колку и таа на хартија да личела добра. На пр. Во 2013/2014 год. Со Акцискиот план се потрошиле 3,7 милиони евра, но резултатите никој од нас не ги гледа“, вели Лука Павиќевиќ-поранешен претседател на Средношколски сојуз.

Одливот на високообразован кадар има сериозен ефект и врз бруто домашниот производ, односно 0,8 % од БДП на годишно ниво. Вкупниот ефект, вклучувајќи го изгубениот БДП кој не е генериран заради емиграцијата, се проценува на 5,15% од БДП на годишно ниво.

Подготвено од М.Д.

About Author