fk-vardar

09.07.2024 Скопје

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар ќе го добие „Новоматик“ за генерален спонзор, договорот ќе биде потпишан денес.

По неколку тешки години и две сезони поминати во втора лига, конечно добри вести за Вардар.

Најтрофејниот македонски клуб ќе го добие „Новоматик“ за генерален спонзор.

Австриската компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави , е присутна на македонскиот пазар од 2009 година, и сега реши да инвестира во Вардар.

Соработката помеѓу Вардар и Новоматик ќе биде потпишана денес во 12 часот, во просториите на компанијата.

Подготвено од М.Д.

About Author