16.07.2024 Скопје

Новиот левичарски сојуз, кој победи на парламентарните избори во Франција, се соочува со тест на единство околу прашањето кој би можел да стане премиер доколку формира влада.

Екстремно левичарската партија Неосвоена Франција ги прекина консултациите за формирање влада бидејќи не може да се договори со социјалистите од левиот центар за назначување заеднички кандидат за премиер.

Се додека социјалистите инсистираат на свој кандидат и ставаат вето на кандидатите од Неосвоена Франција, консултациите за формирање влада ќе останат прекинати, соопштуваат од партијата.

Партијата ги обвини социјалистите за „политичка блокада“.

Основачот и лидер на партијата Жан-Лук Меланшон рече дека додека не се договорат за заеднички кандидати за највисоките позиции во парламентот, неговата партија нема да продолжи со „дискусиите за ништо друго“.

Левичарскиот сојуз, кој ги вклучува Зелените и комунистите, всушност веќе сакаше на крајот на минатата недела да одлучи кој ќе биде премиер доколку дојде на власт.

Социјалистите го предложија нивниот партиски лидер Оливие Форе за свој кандидат.

Неосвоената Франција размислува за Меланшон, но тој е непопуларен избор дури и во сопствената партија поради неговиот автократски и полемички стил.

Краткорочно, спорот во левичарската алијанса би можел да работи во рацете на претседателот Емануел Макрон, бидејќи е малку веројатно дека формирањето на владата ќе му го довери на поделениот левичарски табор.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *