https://www.flickr.com/photos/98671051@N03/12222459714/in/photolist-jC4is3-anPPRp-2iDShiX-2m6EYvD-SLyjPA-23LPAR8-2kcGQ5D-2jpJuhZ-RGGt7s-2kaBQiX-3je6Df-Cva2x-8uS1my-pdSryk-vvd3u-2keCzXk-Qjwtv-2n3PCHq-PkFuDq-zv1kni-5D8KRd-5b9nhM-FbBq6C-2mGpgaM-4uBjZm-HenTiR-SJPkcM-2nL6LwZ-6xwpFu-6z3L2C-6yYDpr-9pAdTt-3f5fCs-v3xZgc-7CH6F5-36asDL-PT93zs-3msXuA-2mGkKfL-7KuvFU-ySqFQ7-RskkBJ-QvTL2-9pAdQr-dXMFjF-52cbit-7S771G-w9L7Kc-jFrQeR-2miMdrv

29.07.2024 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика закажа прес-конференција на која ќе биде соопштена новата цена на парното греење која ќе важи од 1 август.

Последните пресметки се завршуваат, а можно е поевтинување на цената на топлинската енергија која ќе ја плаќаат околу 60 илјади домаќинстава.

Од РКЕ изминатиов период истакнува дека поради ниските цени на гасот на берзите во Европа, најверојатно ќе има благо намалување на ценатата. Се разгледува барањата на трите енергетски комапнии и се одлучуваше што ќе им биде прифатено за трошок, а што не.

Се уште не е познато и дали грејната сезона ќе започне без главната топловодна мрежа, бидејќи цевките на мостот Беласица се уште не се поставени, а нема ни најава дали и кога ќе бидат.

Грејната сезона стартува на 15 октомври и трае до 15 април, со можност за пролонгирање од 2 недели ако временските услови го налагаат тоа.

Подготвено од М.Д.

About Author