05.07.2024 Скопје
Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде вели дека нормализацијата меѓу Косово и Србија треба да заврши со признавање доколку и двете земји сакаат членство во Европската унија.
Во објава на неговата страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер), Роде порача дека за да се заокружи успешно овој процес неопходни се храбри одлуки од двете страни.
Нормализацијата треба да резултира со признавање, доколку и Косово и Србија сакаат да влезат во ЕУ. Многу често она што е означено како „чекор по чекор“ се покажува како „колку што ќе дадеш толку ќе добиеш“ („tit for tat“), што не е во полза на ниту една од страните. Храбрите одлуки се многу неопходни!, изјави Роде.
Подготвено од М.Д.