aleksandar-nikoloski

09.07.2024 Скопје

Министерот за транспорт Александар Николовски, објави важна вест за граѓаните.

„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР.

Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол.

Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР.

Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните!“, објави на свјот Фб профил Александар Николоски.

Во Република Северна Македонија услуги од мобилна телефонија, интернет и ТВ даваат 6 компании:

– Македонски Телеком (Т-Мобиле)

– А1 Македонија

– Lycamobile (транск. Лајкамобајл)

– Телекабел

– МТЕЛ

– Green mobile.

Две компании имаат лиценци за оператори за мобилна телефонија, интернет и ТВ.

Тоа се Т-Мобиле и А1. Тие се речиси изедначени според бројот на мобилни корисници, односно секој од нив има по 47,83 отсто од корисниците на мобилната телефонија.

Помалите оператори, функционираат како виртуелни оператори.

Најпопуларен е Лајкамобајл со 2,88 отсто, потоа следува Телекабел, со 1,23 отсто од мобилните корисници, а претпоследен е МТЕЛ со 0,12 отсто и Греен мобиле со 0,11 отсто од корисниците.

Со оглед на фактот дека министерот најавува големи имиња од светот на телекомуникациите, можно е третиот мобилен оператор да не биде од листата на постоечките виртуелни оператори.

Подготвено од М.Д.

About Author