KINO

25.07.2024 Скопје

Откако Германија им овозможи на своите граѓани да патуваат ширум земјата неограничено со воз за 49 евра месечно, сега има нов проект за неограничен број посети на кино.

Германскиот Сојузен филмски одбор (ФФА) го објави новиот проект „Синфинити” (Cinfiniti) којшто треба да се спроведува низ цела Германија и предвидува годишни лични билети за кино за само 12,50 евра месечно. За споредба, Германците, во просек, месечно лани трошеле 9,71 евро. Тоа е околу едно одење в кино, просечно.

Повеќе од 100 кинокомплекси се пријавија за новата шема. ФФА предвидува дека овој потег првично треба да ја зголеми кинопосетеноста за 10 до 20 отсто.

Засега, единственото ограничување за претплатата, се чини, е тоа корисникот да има над 18 години.

Проектот е нов во Германија, но е веќе испробан во различни облици низ Европа. Со оглед на конкуренцијата од стрим-услугите, ваквите претплати за кино се покажуват како соодветен начин да се поттикнат луѓето да се вратат во киносалите. Според западни медиуми, филмските студија веќе добиваат повеќе приходи на благајните, а публиката има поголем избор за почести посети на големиот екран.

Подготвено од М.Д.

About Author