SLOBODAN TRENDAFILOV

06.07.2024 Скопје

Да не се чепка „недела неработен ден“, а немасто за уназадување, Владата да размислува за унапредување на работничките права, порача првиот синдикалец Слободан Трендафилов, по најавите на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, дека Владата размислува да го укине. Вакви изјави на владини функционери на почетокот од нивниот мандат се неумесни и на штета на работниците, вели Трендафилов. Тој додава дека за дискриминацијата во овој закон веќе се изјасни Уставниот суд, отфрлајќи ја иницијативата на бизнисмените тоа да се укине.

Бизнисмените од градежниот сектор беа првата комора по изборите која јавно побара владата да го укине „недела неработен ден“ за градежните работници и освен во недела, да се работи и на празници. Нивното образложение е дека градежништвото бара континуитет, без прекини и одлагања. Министерката Кочоска вели дека секој треба да работи кога сака, а со измени на Законот за работни односи се согласува и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Владата не може да им удоволува на 70 илјади газди на сметка на 700 илјади работници, вели синдикалецот Трендафилов. Тој и порача на министерката Кочовска да ги остави работниците преку синдикатите, по пат на социјален дијалог да ги решаваат проблемите со работодавачите. Мерката „недела – неработен ден“ се воведе пред две и пол години. Со измените на Законот е предвидено кои дејности можат, а кои не можат да бидат опфатени со неа. Тогашната опозиција бараше компаниите да можат да изберат и некој друг ден за одмор, за фирмите да можат да користат поевтина струја, а стопанството да не пропадне.

Подготвено од М.Д.

About Author