https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321729393329439&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

19.07.2024 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Лондон изјави дека Алијансата е „камен темелник на европската безбедност“.

„Сега е време да се залагаме за слобода и демократија, а местото (за тоа) е Украина“, рече Столтенберг на самитот на Европската политичка заедница во Лондон.

Тој најави дека новата команда на НАТО за координација и обезбедување безбедносна помош и обука за Украина ќе профункционира во септември оваа година, објави Алијансата.

Столтенберг ги осуди руските напади врз сојузниците во НАТО, како што се сајбер напади, саботажи и ширење дезинформации.

„Сојузниците реагираат со споделување на разузнавачки информации, зајакнување на заштитата на критичната инфраструктура и ги водат националните правни процеси“, додаде генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Подготвено од М.Д.

About Author