taravari

23.07.2024 Скопје

Се очекува да има намалување на гужвите и чекањето по цел ден пред вратите на универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Министерот за здравство најавува профункционирање на онколошката амбуланта во градска општа болница 8ми Септември за еден месец, акцелераторот пак купен пред две години сеуште не работи по почне да се користи за околу половина година откако ќе завршат потребните подготовки.

Според првиот човек на здравство Таравари, ГОБ „8ми Септември” веќе има капацитети за полесна онколошка терапија, а целта е децентрализација во здравството, односно пациентите да почнат со одредена терапија и олабави притисокот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, вакви регионални онколошки центри треба да се отворат и во градовите Битола и Штип но нешто подоцна.

Во јавното здравство ќе има вработување на дополнителен кадар и високо и средно квалификуван, мора да се пополни недостигот на медицински персонал, но министерот Таравари не верува да има зголемување на платите поради огромниот буџетски дефицит и ќе побара разбирање од синдикатите.

Констатацијата на Арбен Таравари при посетата на 8ми  Септември е дека состојбата со хируршките сали не само таму туку во целото здравство се на незавидно ниво за што треба да се интервенира и подобрат условите согласно буџет за 2025, што ќе го имаат на располагање како здравство.

Подготвено од М.Д.

About Author