-neuralink-

13.07.2024 Скопје

“Neuralink”, компанијата на Илон Маск, ќе го вгради својот уред на втор човечки пациент за околу една недела, потврдија првите луѓе на компанијата. Досега, Ноланд Арбо од Аризона е единствениот човек кој добил имплант на мозочен чип, но Маск вели дека се надева дека тој број ќе порасне до крајот на оваа година.

Значајно е што Арбо го доби имплантот откако доживеа несреќа што го парализираше во 2016 година. Компанијата во мај соопшти дека малите жици во Арбо се повлекле од позицијата. Сепак, за време на неодамнешниот брифинг, Маск рече дека имплантот останал „повеќе или помалку многу стабилен“.

„Ние само сега преминуваме кон нашиот втор пациент со “Neuralink”… Но, се надеваме дека ќе имаме висока едноцифрена бројк аоваа година, ако работите одат добро“, рече Маск.

Извршниот директор на “Neuralink”, Донџин, зборувајќи за мозочниот имплант изјави: „Кога правите операција на мозокот, потребно е некое време ткивата да влезат и да ги зацврстат жиците на своето место, а кога тоа ќе се случи, сè е стабилно“.

Директорите на “Neuralink” изјавија дека компанијата презема мерки за намалување на ризикот, како што се обликување на черепот и намалување на концентрациите на јаглерод диоксид во крвта на нормално ниво.

Во меѓувреме, Маск на брифингот во средата рече дека долгорочната цел на “Neuralink” е „да го ублажи подолгиот цивилизациски ризик од вештачката интелигенција“.

Мозочниот имплант на “Neuralink” им дава можност на парализираните пациенти да користат дигитален уред користејќи го само нивниот мозок. Уредот работи со користење на малите жици за снимање сигнали од човечкиот мозок и нивно преведување во дејства како движење на курсорот на екранот на компјутерот.

Во видеата кои “Neuralink” ги сподели досега, Арбо можеше да игра видеоигри, да пребарува на Интернет и да го движи курсорот на својот лаптоп без да мрда со прст.

Подготвено од М.Д.

About Author