konjica

24.07.2024 Скопје

Со музика и дружба, жителите на Општина Кисела Вода, заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја испратија најстарата илинденска коњаница, од далечната 1979 година, од Крстот во Драчево.

По патеката на илинденците, на 2 Август тие ќе пристигнат во Крушево.

„За мене, нема ништо поголемо од почитување на нашата славна македонска историја и само така, почитувајќи и возвишувајќи ја, Република Северна Македонија ќе живее и ќе опстои силна и тогаш кога некои сакаат да ја нема. Затоа секогаш ќе ги поддржувам и ќе бидам покровител на ваквите настани, а за в година ветуваме дека ќе биде уште помасовно“, нагласи Ѓорѓиевски.

Подготвено од М.Д.

About Author