23.-7.2024 Скопје
Најголемиот број богати Швајцарци го наследиле своето богатство, а само малцинство независно се збогатило, покажува најновото истражување.
Само осум отсто од 300-те најбогати Швајцарци сами го стекнале своето богатство, покажуваат податоците од студијата објавена од Швајцарскиот институт за економски истражувања (КОФ).
Осум од десет богати Швајцарци го наследиле своето богатство, според истражувањето.
Меѓу најбогатите 90 отсто се мажи, а учеството на жените се намалува.
Друго истражување вели дека има голема разлика во висината на наследствата, па така три четвртини од наследниците добиваат не повеќе од 100.000 швајцарски франци, додека само 1,5 отсто од нив наследуваат повеќе од милион франци.
Подготвено од М.Д.