17.07.2024 Скопје
Американскиот предприемач и моментално најбогат човек на планетата, Илон Маск, планира да донира околу 45 милиони долари месечно на новиот акционен комитет кој ќе ја поддржува претседателската кампања на Доналд Трамп.
Комитетот „America PAC“, основан на крајот на мај, е финансиски поддржан од други познати личности од технолошкиот сектор, како што се браќата Тајлер и Камерон Винклвос, милијардери познати по инвестирањето во криптовалути директорот на бордот на директори на компанијата SpaceX на Маск, Антонио Грацијас, кој претходно беше на чело на одборот на директори на Tesla.
Изминативе денови објавите на Маск на неговата социјална мрежа Икс, сугерираат на негова поддршка за Трамп.
Вчера веднаш по објавата дека Џеј Ди Ванс ќе биде кандидат за потпретседател на Трмап, маск напиша дека тоа звучи на победа.
Воедно, Маск жестоко ги критикуваше медиумите кои погрешно ја пренесоа веста за обидот за атентат врз Трамп, како и службите кои затаија при настанот. Објавите на Маск поврзани со Трамп се едни од напрегледаните на оваа социјална мрежа изминатиов период.
Претходно Маск беше поврзуван со Трамп и донирање на неговата кампања, но тогаш тој тоа го негираше.
Комитетот близок до Доналд Трамп го поддржаа и ко-основачот на компанијата Пејпал Кенет Хавери, поранешен американски амбасадор во Шведска за време на мандатот на Трамп, како и ко-основачот на софтверската компанија Палантир Џо Лонсдејл.
Вредноста на биткоинот порасна по саботниот обид за атентат врз Доналд Трамп, бидејќи се верува дека тој ги зголемил неговите шанси за победа на претседателските избори во САД во ноември.
Подготвено од М.Д.