24.07.2024 Скопје

Денес времето ќе биде променливо облачно, од попладневните часови и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Вардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер, велат од УХМР.

Во четврток нестабилноста ќе се намали и особено претпладне ќе има услови за локална изолирана нестабилност, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер особено долж Вардарието и во источните делови.

Во Скопје утре променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината со појава на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *