01.07.2024 Скопје
Премиерот Христијан Мицкоски уште за време на изборите, пред да стапи н афункцијата, рече дека нема да си дозволат комоција од “мир за првите сто дена влада“, традиција која се применува во демократските општества за да и се остави на секоја нова влада време без критики и очекувања за да се консолидира и да го постави системот во функција.
Премиерот и министрите стартуваа само ден по прогласување на владата и тоа со најава и почеток на реализација на темелни проекти: од економскиот план најава и презентација на прокет за инвестиција во енергетиката, одлука за зголемување на пензиите, план со МВР за првите чекори во борбата против корупција а еве, веќе седмиот ден, се поставува планот и делат задачи за проекти од буџетот за потреби на општините и локалната управа – решение за 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините.
На својот Фејсбук профил премиерот Мицкоски објави: Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој.
Имав работен состанок со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за локална самоуправа Златко Перински , каде што го утврдивме начинот на распределба на средствата за општините. По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства. Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура.
На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби.
Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното.
Подготвено од М.Д.