15.07.2024 Скопје

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави, а грчки весник објави дека тајното оружје на Грција поради како што се тврди непочитувањето на Договорот од Преспа од страна на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска – Давкова ќе биде замрзнување на следните поглавја во преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ.

Весникот пишува дека можна е и блокада на користењето на ЕУ фондовите.

Грчкиот весник додава дека Грција размислува да ги замрзне следните поглавја во преговорите со Европската Унија со што ќе воспостави директна блокада на европскиот пат паралелно со блокадата од Бугарија.

Еден по еден, грчкиот шеф на дипломатијата, Јоргос Герапетритис, ги прими денеска во својот кабинет лидерите на политичките и парламентарните партии на брифинг за темите од надворешната политика на Грција, меѓу кои и за Република Северна Македонија.

Фокусот на брифингот на Герапетритис со политичките лидери во Грција било на три теми – Република Северна Македонија, грчко-турските односи и кипарското прашање.

Засега не се откриваат детали што конкретно им било презентирано од шефот на грчката дипломатија на грчките политички лидери, пред се по прашањето на Република Северна Македонија.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вели дека тој ќе делува различно од досегашните политичари.

Според него, никој од македонската Влада не го прекршува Преспанскиот договор.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *