22.07.2024 Скопје
Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“.
Како што информираат од Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“, на повикот биле пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња – од кои 16 од Република Северна Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали.
Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансиран од Европската Унија и поддржан од „British Council“ и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.
Mрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.
Подготвено од М.Д.