taravari-klekovski

19.07.2024 Скопје

Во просториите на Министерството за здравство се одржува состанок за можностите да се прошири Позитивната листа со иновативни лекови.

На состанокот присуствуваат министерот за здравство Арбен Таравари, директорот на Фондот за здравствено осигурување Александар Клековски, претставници на „Фармабренд – нова“ – асоцијација на иновативни фармацевтски производители, Американската стопанска комора, како и на Комисијата за позитивна листа на лекови.

„Посебен акцент ќе биде ставен на профункционирањето на „посебните договори“ како ефикасна алатка за намалување на цените на иновативните лекови, со што би се овозможила поголема достапност на овие лекови за потребите на пациентите. Сите присутни од свој аспект ги искажаа своите мислења и ставови по однос на распсположливите средства на институтциите, но, заеднички заклучок беше дека промени треба да има и тие промени треба да се во интерес на пациентите“, информира Министерството за здравство во објава на Фејсбук.

Подготвено од М.Д.

About Author