VESNA JANEVSKA 5

05.07.2024 Скопје

МОН ќе почне преговори со универзитетите за ослободување на поголеми простори и амфитеатри, за од следната година да може да се спроведува државната матура. Дополнително, ќе се инсистира да имаат и блокатори, за матурантите да не ги користат мобилните телефони.

Ова денеска го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на прес-конференција заедно со директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска, претставувајќи ги резултатите од полагањето на државната матура.

Како што беше објавено, добиени се пообјективни резултати во споредба со минатите години. Годинешната средна оценка на матурата е 3,25 и е пониска од претходно. Според директорката на ДИЦ, оценката е одлична во однос на објективноста.

Подготвено од М.Д.

About Author