optimus-robot

24.07.2024 Скопје

Компанијата Тесла ќе започне со масовно производство на хуманоидни роботи во 2026 година, објави извршниот директор на компанијата Илон Маск во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

„Тесла ќе има навистина корисни хуманоидни роботи следната година кои ќе ги служат внатрешните производствени потреби на компанијата. Се надеваме дека ќе започнеме масовно производство за други компании до 2026 година“, напиша Маск.

Уште во 2021 година тој објави дека роботот по име Optimus наскоро ќе биде подготвен да работи во фабриките на Tesla, но тоа досега не се оствари.

Оптимус е висок околу 1,7 метри и тежок 56 килограми и е дизајниран да врши опасна, напорна или досадна работа.

Неговото име е алузија на Optimus Prime, моќниот и добронамерен лидер на Autobots во медиумската франшиза Transformers.

Во декември 2023 година, компанијата Тесла ја претстави новата генерација хуманоидни роботи Optimus Gen 2 чија цена се проценува помеѓу 10 и 20.000 долари.

Подготвено од М.Д.

About Author