Marjan-Stamenkovski

22.07.2024 Скопје

Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“, е ослободен од обвинението дека вршел рекет и уцена во обид, бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело, одлучи Апелацискиот суд Скопје.

Стаменковски се гонеше дека уценувал поранешен директор на Царина, а се бранеше дека сите информации ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои ги нарекуваше свои „соработници“.

Првиот човек на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фетаи и Рајчев во мај 2023 година поднел кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци, но се уште нема обвинение против двајцата обвинители.

За другите дела за кои беше обвинет како ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет и уцена и злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби 3 години и 1 месец казна затвор.

Подготвено од М.Д.

About Author